Шекеринска за снимката кај Боки-13: Зборувавме за Законот за јавно обвинителство

by Fokus

Во ниту еден момент не ја лажев јавноста. Се имам сретнато и со едниот и со другиот и со двајцата заедно. Но, јас немам никаква поврзаност со акциите на тие двајца за кои се соочија пред судот, рече Радмила Шекеринска коментирајќи ја снимката која се појави на интернет на која се гледа дека во домот на Бојан Јовановски се Катица Јанева и таа.

Во вечерашното гостување на Канал5, Шекеринска рече дека оваа снимка е интересно што прво покажува дека не бил само еден што снимал во тој случај и тоа го нарече како „интересни заднински врски“.

Таа не го демантираше нејзиното присуство на снимката и рече дека претпоставува дека е таа, но не може да посочи кој би можел да ја снимил или кога точно била направена снимката. Додаде дека се среќавала и со други сопственици на медиуми и рече дека тоа го прават и политичарите од опозицијата.

-Зборувавме за една многу актуелна тема во тоа време, а тоа беше зошто не може да се донесе Законот за јавно обвинителство, додаде Шекеринска.

Според неа, случајот „Рекет“ покажал дека судството може да функционира и тоа со сите маани во правосудниот систем со кои се соочуваме сè уште.

На прашањето зошто неколку дена не коментираше во јавноста за снимката, иако опозициската ВМРО-ДПМНЕ поставуваше неколку прашања, таа рече дека не ги видела прашањата, а секојдневно дава изјави, но никој не ѝ го поставил тоа прашање.

 

 

 

 

Поврзани новости