Радмила Шекеринска, министерката за одбрана, објави дека воени пилоти од 10 земји членки на НАТО, вклучувајќи ја и Македонија, ќе се обучуваат во нашиот тренинг-центар за хеликоптери, откако претходно била воспоставена ваква мрежа на соработка.
-Десет НАТО сојузници меѓу кои и Северна Македонија стартуваат нова ера во обуката на воени пилоти. Воспоставуваме мрежа на европски тренинг центри за пилоти на борбени авиони, хеликоптери и дронови. Нашиот центар во Скопје ќе врши основна и напредна обука на пилоти на хеликоптер, вели таа.
Министрите за одбрана на НАТО земјите во овој проект Северна Македонија, Белгија, Турција, Црна Гора, Грција, Чешка, Унгарија, Италија, Романија и Шпанија, имавме симултано потпишување на Меморандумот за разбирање, објави Шекеринска.
Оваа прва од ваков вид иницијатива ќе вклучува постепено градење мрежа на европски кампуси за обука што опфаќаат различни аспекти и видови на обука за воени летала. Тие ќе им овозможат на сојузниците пристап до поширок спектар на можности за обука над она што повеќето сојузници би можеле да го одржат самостојно и со мал дел од трошоците. Кампусите на NFTE ќе им овозможат на екипажот врвни обуки, вклучително и употреба на технологија за виртуелна реалност и симулација.