Џафери ќе преговара со Синдикатот на УКИМ за колективен договор

by Fokus

Собранието, во рамки на 43. пленарна седница, му даде овластување на претседателот на парламентот Талат Џафери да склучи колективен договор со Сојузот на синдикатот на вработените на државниот Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.

Џафери доби вакво овластување поради тоа што Собранието е основач на најстариот државен универзитет во земјава, од каде што вработените преку Синдикатот неодамна најавија штрајк доколку не бидат прифатени нивните барања за почнување колективни преговори за потпишување колективен договор.

Кон крајот на мај, Синдикатот на УКИМ испрати писмо до Собранието, во кое беше посочено дека, ако во рок од седум дена нема писмен одговор за почнување колективни преговори, вработените на Универзитетот ќе почнат штрајк за остварување на нивните права.

Поврзани новости