-Истите луѓе кои пред само два месеци донесоа проглас со кој ја повикуваат меѓународната заедница да престане да се меша во македонските работи, сега разговараат со претставници на сите институции и бараат „по секоја цена да останат барем дел од власта – посочи денеска потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска.
Таа обвини дека Никола Попоски кој веќе два дена е во Брисел, лобирал кај европскиот парламент и барал поддршка за ВМРО-ДПМНЕ да остане дел од власта.
-Единствената цел која стои зад пропагандата, незаконските и неуставните одлуки е да се остане на власт и да се спаси од кривичната и криминална одговорност за сериозна корупција и криминал Последната потврда за сево ова доаѓа од Брисел каде што последните два дена престојуваше пратеникот, кој во исто време е и министер на надворешни работи, Никола Попоски и кој според потврдени веќе информации единственото што го правел е да зборува за неопходноста ВМРО-ДПМНЕ да остане на власт или во власта во Република Македонија – рече Шекеринска.
Потпретседателката на СДСМ еднаш го повика претседателот на државата, Ѓорге Иванов да престане со „насилството што го прави врз Уставот и демократскиот поредок на Македонија“ и дека е должен веднаш да го даде мандатот на Зоран Заев за формирање на новата влада.