Од ВМРО-ДПМНЕ не ја прифатиле понуда од меѓународната заедница за независна анализа на снимените разговори, изјави потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска во интервју за 24 Вести.
– Меѓународната заедница понуди да направи независна меѓународна експертиза на прислушуваните разговори доколку добие согласнот од двете страни. Ние се согласивме, а ВМРО-ДПМНЕ најде начин да не ја прифати понудата, рече таа, одговарајќи на прашањето дали СДСМ располага со докази за тоа кој го вршел прислушувањето.
Според Шекеринска, по ова, на меѓународниот фактор му станало јасно кој го вршел прислушувањето.
– Имаме матерјали кои покажуваат политичка злоупотреба и кои покажуваат дека луѓето од власта знеле за прислушувањето. Тоа не била одлука само на шефот на тајната полиција туку дека за тоа била информирана цела структура околу премиерот. Овие матерјали ќе ги доставиме до специјалниот јавен обвинител, изјави Шеќеринска во интервју за 24 Вести.