Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ бараше амнестија само за првите пет-шест луѓе, другите ги пушти низ вода

by fokus

Рецепт за подобар живот во Република Македонија е да станеме членка на НАТО и Европската унија, порача вечерва пред чаирчани министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Тоа, рече таа, значи дека иако Македонија е земја со два милиона жители која мора да се потпре на соспствените институции, членството во НАТО значи дека ако има напад врз нас, тоа значи напад врз 29-те најмоќни држави во светот.

Министерката потсети дека деновиве доаѓаат големи државници во Македонија што според нејзе претставува признание за правецот кон кој се движи нашата држава.

-Светот навистина сега ја гледа Македонија како една нова надеж и нов позитивен пример на Балканот. Но секој од нив ја повторуува истата реченица, дека ЕУ и НАТО отворија раце и врати, но одлуката, дали ќе го пречекориме прагот е наша и дали ќе ја искористиме шансата е наша. Курц, Меркел и Столтенберг не одлучуваат на 30 степември, туку тогаш одлучува секој од нас. Ние сме убедени дека мнозинството македонски граѓани посакува оваа држава еднаш за секогаш да се стабилизира и да тргне напред преку членство во НАТО и ЕУ, рече Шекеринска.

Коментирајќи ја воздржаноста на опозицијата во изјаснувањето дали ќе излезе на Референдумот, министерката Шекеринска рече дека со ВМРО-ДПМНЕ во однос за прашањето дали Македонија сака да стане членка на  ЕУ и НАТО до сега немале дилеми.

-Слушам дека и кај нив има големи конфронтации околу сегашната одлука да молчат. Кога молчиш во политика, практично ти креваш раце од тоа да влијаеш на иднината. За жал раководството на опозицијата кога на една страна на вагата ги стави интересите на државата, а на друга страна интересите на неколкумина кои се виновни за криминал, го избра второто. Поважни им се пет-десет-петнаесет луѓе кои ја злоупотребија нашата доверба отколку државата. На сите преговори тие бараа амнестија, и не беше тоа амнестија за 27 април, не ги ни спомнаа тие, ги искористија и ги фрлија. Единсвената амнестија е за првите пет-шест луѓе, другите ги пуштија низ вода, рече Шекеринска.

Министерката пред чаирчани нагласи дека со ВМРО-ДПМНЕ за се може да се дискутира и дека прават отстапки, но не и за судот, таа додаде дека тоа што го ветиле, дека пазар со правда нема, тоа го потврдиле и нема да го прават.

Поврзани новости