Црна Гора прифати да прими пет мигранти од Италија

by fokus

Владата на Црна Гора денеска решила да прими пет мигранти од Италија, за да им помогне на италијанските власти да се справат со групата од 140 луѓе кои пристигнаа со брод од Африка, јави ХИНА.

– Од почит кон принципите на хуманитарност и солидарност со луѓето во неволја, и во согласност со традиционалните вредности на црногорското општество, Владата реши, на барање на Италија, да прими пет мигранти од бродот Дичиото, соопшти Владата на Црна Гора.

Италијанските власти со денови одбиваа да им дозволат на мигрантите на бродот да стапнат на копно и инсистираа од земјите членки на Европската унија да се договорат меѓу себе и да ги примат мигрантите.

Во меѓувреме, се проценува дека околу 20 мигранти дневно влегуваат во Црна Гора, најчесто преку Албанија, и го продолжуваат нивниот пат кон западна Европа преку Босна и Хрватска.

Поврзани новости