401
На вечерашниот протест на Шарената револуција, се обрати и Радмила Шекеринска од СДСМ.
„На народот му е преку глава. И не, Груевски не може да го контролира. Веќе нема молк во Македонија. Стравот беше во секој македонски дом, а сега е само во една фамилија и таму ќе остане. Затоа Груевки вчера преплашен, се обидува да сврти народ против народ, но ќе види дека нема шански. Оваа криза има само еден излез – а тоа се правда и одговорност. Оние кои краделе мора да одговараат. Денеска овој народ излезе да бара правда и мир и му порачува на Груевски дека нема шанса за уште едни криминални избори.” – порача Шекеринска од пред Влада.