Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, денеска заедно со министерот за здравство Венко Филипче, ја примија донацијата од Кина, односно 100.000 вакцини.
-Денешната донација на вакцини од Кина е вистинска помош во вистинско време. Оваа донација следува по посетата на кинескиот министер за одбрана Веи Фенгхе во март, кога се согласивме дека глобалните кризи како што е пандемијата, можат да се решат исклучиво низ заеднички напор и солидарност. Се работи за поголема пратка, 100 000 вакцини со кои ќе го продолжиме вакцинирањето на Армијата и во Министерството за одбрана, а поголем дел ќе ги отстапиме на јавното здравство, односно на нашите граѓани. Ова е пријателски гест на Кина кој го цениме и ќе придонесе за забрзување на вакцинацијата на нашите граѓани, што во моментов е наш најголем приоритет и примарна задача.