Шекеринска со честитка до Лукаревска и останатите: Сакајте ја партијата, но служете и на државата и на граѓаните

by fokus
Министерката за одбрана и досегашна потпретседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска на својот Фејсбук профил упати честитки за новото раководството на партијата.
-Честито за новите луѓе во раководството на СДСМ, особено за Сања Лукаревска, новата заменичка претседател на СДСМ! Честитки и за реизбраните. Бидете храбри, бидете одлучни, бидете силни. Водете за да останеме најдобри. Трчајте, за да не ве претекнат. Зборувајте за да не ве замолчат.
Очите секогаш нека ви бидат вперени во хоризонтот. Невозможното направете го возможно.
Сакајте ја партијата, но служете и на државата и на нашите граѓани.Да живее СДСМ!, напиша на Фејсбук министерката за одбрана Радмила Шекеринска по одржувањето на 26. конгрес на партијата. 

Поврзани новости