368
Пратеничката Радмила Шекеринска денеска во Собранието му порача на Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ да ја слушне снимката од бомбите во која го има него.
-Сакам едно нешто да Ви кажам, ова е битка за Вашата слобода и слободата на Вашите, ова е битка против вашите бесконечни лажења. Оваа дискусија и покажа на цела македонска јавност дека мувата не била на капата, туку мувата била на СЈО. СЈО била болката и тука е причината за окупираното Собрание и изолираната Македонија, рече Шекеринска.
Милошоски одговори дека СДСМ има обврска да го почитува Деловникот и претресот непречено да трае.