Рангелова: Никој од ВМРО-ДПМНЕ не се плаши од СЈО

by fokus

Пратеничката Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ на пратениците од СДСМ денеска им порача дека никој од ВМРО-ДПМНЕ не се плашел од СЈО.

-Залудно е пратениците од СДСМ да им се закануваат на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека се уште ги слушаат во големата сала во штабот на СДСМ. Заедно го гласавме СЈО иако знаевме дека стануваме маша на некого, односно да се поставуваат обвиненија. И сега ќе го поддржиме СЈО и по цена милијарда обвиненија да има против нас, само откажете се од платформата, рече Рангелова.

Рангелова додаде дека единствено за што ВМРО-ДПМНЕ било загрижено е тиранската платформа и продавањето на Македонија од страна на Заев и СДСМ.

Поврзани новости