466
Не е нормално во една држава да има казни кога ќе фалсификуваш избор на песна за Евровизија, а да нема никакви казни кога ќе фалсификуваш избори. Ова е една од пораките кои заменик-претседателот на СДСМ, Радмила Шекерински ги испрати вчера од трибината во Гевгелија.
– Додека Никола Груевски не се согласи, да преговара не за една, не за две, не за три туку за сите пет точки кои ги поставивме, вклучително и прашањето на техничка влада која ќе организира избори, опозицијата не се враќа назад во Собранието – изјави Шекеринска.