Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, упати благодарност за досегашната поддршка на Чешката Република. Таа на денешната средба со чешкиот амбасадор Мирослав Рамеш, нагласи дека очекува оваа поддршка да продолжи во претстојниот период за што поскора покана за членство во Алијансата.
„Ние имаме одлична билатерална соработка и подготвени сме и понатаму да ја продлабочуваме, преку размена на искуства стекнати од мисиите, размена на кадети и предавачи, реализирање на заеднички вежби“, рече министерката Шекеринска.
На средбата стана збор и за искористување на капацитетите на Центарот за обука на пилоти за обука на чешките пилоти.
Амбасадорот Рамеш од своја страна нагласи дека Чешката Република има одлична соработка на полето на одбраната со Република Македонија.