Димитров бара поддршка на патот кон ЕУ, Коѕиас бара да не се мешаат трети страни

by Fokus

„Грција сака да му помогне на нашиот сосед, и важно е да имаме пријателски односи со министерот Димитров. Со денешните дискусии нема да го решиме прашањето, меѓутоа градиме позитивна клима и имаме позитивна рамка за решавање на ова прашање. Не е доволно да имате добри намери, потребни се и напори за добро решение, рече Никос Коѕиас, министер за надворешни работи на Грција.

Во регионот иако потребно е време тоа да се сфати но, напредуваме или уназадуваме заедно. Бидејќи сме во нагорна линија потребна ни е помош, и мислам дека ова е добро и за вашата земја. Главната порака која сакам да ја испратам при посетата е дека барање поддршка од Грција да напредуваме на евроинтегративниот пат“, рече македонскиот шеф на дипломатијата Никола Димитров, на денешната заедничка прес конференција со неговиот грчки колега.

На денешната средба зборувале за изградба на гасовод од Грција до Скопје а разговарале за развој на железничките врски меѓу двете земји.

Коѕиас потенцираше дека предложиле напредување во градење на мерките за доверба, посистематска размена на гледишта, Грција прифатила предложена нова сесија на мерки за градење на доверба која ќе придонесе на подобро разбирање на двете држави и со кои ќе се унапреди мирот и стабилноста на балканот.

 

Поврзани новости