Шекеринска: Пред упадот во парламентот им читав приказна на мојата и ќерката на Дурловски

by Фокус

Вицепремиерката Радмила Шекеринска денес во Битола истакна дека десетина дена пред крвавите настани во парламентот им читала приказна на нејзината ќерка и на ќерката на нејзиниот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ во петтата ИЕ Игор Дурловски.

-Си реков, ако дојде (на дуел), во него нема да ја гледам ни мојата крвава расцепена глава, ни неговите раце извалкани со крв, туку ќе ги гледам мојата и неговата ќерка на кои десетина дена пред тоа ми седеа во скутот и им читав приказна – рече Шекеринска.

Од завршната трибина таа порача граѓаните да гласаат на 15 јули за програма што, според неа, ќе ја напише историјата за децата.

Поврзани новости