МЗ набавило 25 нови возила за итна помош и домашно лекување

by Фокус

Министерството за здравство во изминатиот период набави 12 нови возила за Итната медицинска помош и 13 нови возила наменети за единицата за домашно лекување во градот Скопје.

Новите 12 возила за брзата помош се опремени со најсовремена медицинска опрема. Шест од нив се распределија во градот Скопје, а останатите шест во Здравствените домови во Крушево, Кичево, Крива Паланка, Берово, Струга и Дебар. Со овие возила, за двојно е зголемен капацитетот на Службата за итна медицинска помош во Скопје.

Тринаесетте возила за Здравствениот дом во Скопје, десет од нив се наменети за единицата за домашно лекување, а останатите возила за секојдневно транспортирање на работните единици во оваа установа.

Поврзани новости