Шеќеринска: Посетата на Столтенберг е порака

by Fokus

Посетата на генералниот секретар на НАТО на Македонија Јенс Столтенберг е порака сама по себе. Тоа значи дека во изминатите шест месеци успеавме Македонија да ја вратиме назад на евроатлантската патека и успеавме да ги неутрализираме сите оние лоши вести, кои во континуитет во изминативе години доаѓаа во Македонија.

Ова денеска го изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, оценувајќи ја претстојната посета на генералниот секретар на Алијансата на земјава.

– На Македонија успеавме да и отвориме нова шанса. Посетата ја гледаме како можност Македонија да се претстави во поинакво светло, како држава која ги решава своите проблеми, која работи на својот приоритет, и која реално верува дека членството во НАТО и во ЕУ значат поголема сигурност и поголем просперитет на граѓаните на РМ, рече Шекеринска.

Поврзани новости