Шекеринска: Политичката криза во Македонија помина во државна

by Фокус

Радмила Шекеринска, на традиционалната прослава на Василица, во Кавадарци, покрај честитките за прaзниците, предупреди и дека Македонија е во државна криза.

-Македонија помина од една политичка, во една сеопшта државна криза. Значи, имаше еден период кога Владата ја претвораше и покажуваше со прст кон опозицијата како непријател. Меѓутоа кон крајот на 2014-та за свои непријатели ги прогласи и студентите, и професорите и хонорарците, и земјоделците, и сите оние кои се осмелија да кажат дека не размислуваат на ист начин како Владата, истакна Шекеринска.

Таа додаде дека денес во Македонија се гледа дека институциите се празни од секаква суштина.

-И да влезете во Парламентот, ќе видите пратеници кои, ако не спијат додека трае Комисијата, тогаш чекаат да дојде три часот после полноќ, за да донесат суштински закони без елементарна дискусија. Власт која не сака да разговара со својот народ, не е демократска. Власт која не сака да ги слушне поинаквите мислења, не е слободарска. Власт која бега од својот народ, бега од мислењата на граѓаните е власт која нема да има светла иднина, заклучи Шекеринска.

 

Поврзани новости