Заев: Јавноста ќе биде запознаена со aферите на власта

by Фокус

Лидерот на СДСМ Зоран Заев во изјава за Плусинфо вели дека во периодот кој претстои јавноста ќе биде запознаена со сите афери кои се дело на актуелната власт.

– Изминатиот период не само ние, туку и јавноста сфати дека за секоја афера која беше обелоденета од наша страна, беа „преработени“ од партизираниот државен апарат и непроцесуирани. Се надевам дека во следниот период тие ќе бидат јавно објавени согласно условите – нагласува Заев.

Според негo, во 2015 ќе биде исклучително тешка година за Македонија во демократски поглед.

– Ниту има демократија, ниту има слобода. Македонија се повеќе ќе биде партизирана, а демократијата уште повеќе уназадена – вели лидерот на СДСМ.

Поврзани новости