Шекеринска на средба со синдикатите од одбраната: Жалби за политизираност во МО во претходниот период

by fokus

Проблемите со кои се соочуваат, подобар животен стандард на вработените, подобрување на условите за работа, реновирање на објектите и мотивирање на професионалните војници. Овие барања денеска ги изложиле првите луѓе на Синдикатите на средбата со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Како што соопшти Министерството за одбрана, на средбата присуствувале претседателот на Синдикатот за одбрана и безбедност Ристо Ајтов, претседателот на Синдикатот на одбранбениот и безбедносен сектор Оливер Стојановски, претседателот на Независниот Синдикат за одбрана Ванчо Исајов и претседателот на Независниот синдикат на професионални војници Аднан Алитов.

-Целта на средбата е да пронајдеме решение за проблемите кои се бројни и да поставиме приоритети. За дел од проблемите веќе работиме на решенија, во делот на опремата за војниците и исплатата на одредени законски права. Отворени сме за соработка, политиката за подобрување на состојбите која се осмислува од раководството, да стигне до секој војник, истакнала Шекеринска.

Дел од претставниците на Синдикатите, како што се наведува во соопштението, се пожалиле на политизација при изборот на професионални војници, при приемот на питомци во Воената академија и на општа политизираност во работата на МО и во Армијата во претходниот период. Министерката Шекеринска нагласила дека ќе инсистира на професионално работење.

Поврзани новости