Шекеринска: Кога добивме покана за членство во НАТО, имавме 4 пати повеќе инвестиции

by Фокус

Членството во НАТО значи дека влегуваме во еден систем на колективна безбедност и дека каков било напад на државата значи напад на сите останати 29 земји – членки, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на синоќешната панел дискусија во Куманово посветена на придобивките од членството на нашата држава во НАТО.

-Освен политички знак, членството во Алијансата е и знак за позитивните економски трендови. Во годината во која што ја добивме НАТО-поканата, ние имавме четири пати повеќе странски инвестиции од претходната година, односно повеќе од вкупните инвестиции во 2012, 2013 и 2014 година. НАТО-членството има и позитивна политичка, но и позитивна економска страна – истакна Шекеринска.

Таа додаде дека на земјава наскоро и претстојат одлуки кои, според неа, ќе покажат дека граѓаните немаат дилема околу нашата евроатлантска ориентација.

Поврзани новости