Шеќеринска ќе слави роденден на протест вечерва

by fokus

Радмила Шеќеринска ќе го слави својот четириесетичетврти роденден со најмногубројно друштво досега во животот.
Заедно со илјадници граѓани, таа ќе излезе на денешниот протест, и како што вели, ќе слави роденден и будење на народот истовремено.
,,Родендените традиционално се минуваат во друштво на оние кои што најмногу ни значат, затоа оваа година ќе славам заедно со народот, низ улиците на нашиот град, каде што сите на достоинствен начин се бориме за правда и еднаквост, против корупцијата и криминалот. Таму, во реките од луѓе кои што го креваат својот глас за подобар живот ќе го обележам започнувањето на уште една година од мојот живот, за која што се надевам дека ќе ми донесе мене, а секако и на моите сограѓани мир, исполнување на желбите и достоинствен третман во нашата држава, кој што сите подеднакво го заслужуваме. Обично, се вели дека жените во четириесеттите се најсреќни, имаат реална слика за она што ги опкружува, реални очекувања од околината, доволно искуство зад себе за да можат да се справат со секој предизвик и смиреност со која што реагирааат и во најневозможните ситуации. Затоа, мојата роденденска желба е годините кои што ми доаѓаат да ги проживеам смирено, во едно демократско општество, со институции на кои што може да им се верува, со насмеани лица околу мене, со народ кој што е среќен во својата држава,, – порача Шеќеринска.
Таа додава дека без оглед на партиската припадност на луѓето кои што изминатиов период протестираат, таа е горда на сите нив, кои што собрале храброст и излегле на улиците да ги бараат своите права.

Поврзани новости