Шекеринска: Ќе го укинеме екстерното

by fokus

Потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, на конгресот на СДСМ зборуваше за меѓуетничките односи и прогамата за реформи во образовниот процес.

– Политичарите кои владеат со поделби по етничка основа се веќе минато. Граѓаните ги препознаа ови политичари. Ние сакаме да градиме држава на еднакви граѓани на едно општество со еднакви права во кои за сите има место и заедно ќе ја направиме нашата татковина подобро место за живеење-  рече Шекеринска.

Таа зборуваше и за реформите во образованието.

– Ќе го укинеме екстерното. Ќе го намалиме бројот на предмети во образовниот процес. Ќе ги преиспитаме и наставниѕте програми и учебниците. Во првите шест години од деветгодишното образование ќе има описни оценки, зашто ни е потребно знаење. Ќе ги зголемиме платите на наставниците. Ниту еден наставниик нема да има пониска плата од просечната во РМ. Преземаме обврска дека ќе изградиме студентски град во Скопје, а во Штип студентски кампус. Ќе воведеме посебна студентска картичка -рече Шекеринска.

Поврзани новости