Шекеринска: Изгубивме 21 милион евра поради неспособноста на Владата

by Фокус

Македонија поради неспособноста на својата Влада и на своите институции веќе изгубила 21 милион евра неповратни средства, подарени од Европската Унија, што ги изгубила поради неумеење, или несакање, обвини денеска од Кавадарци, заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

– Европската комисија нѐ предупредува дека до крајот на годината, најверојатно, како држава ќе изгубиме и дополнителни пари. Замислете Македонија секоја недела се задолжува со нови 10, 20, 50 милиони евра, а од друга страна не знаеме да искористиме 21 милион евра што би можеле да направат чудо во многу македонски општини. Ние сметаме дека е ова недозволиво. Сиромашна држава како Македонија, да има Влада која лесно зајми, а тешко ги троши подарените европските средства, тоа навистина е недозволиво и ние за жал неколку години по ред предлагаме дека овој систем мора да се промени – коментираше Шекеринска.

Поврзани новости