Шекеринска им даде простории во Дом на АРМ на Сојузот на борците на НОБ

by fokus

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе се сретне со претставници од Сојузот на борците од Народноослободителната и Антифашистичка војна на Македонија.

Како што информират од Министерството, за време на средбата ќе биде потпишан договорот за времено користење на простории во Домот на АРМ, во период од 10 години.

Ветераните од Сојузот на Борците претходно имаше спор со Сојузот на воени инвалиди во врска со зградата во центарот на Скопје каде нивниот Главен одбор функционираше со години. Во 2012 година со одлука на суд и со помош на извршители тие насилно беа исфрлени, поради што се кренаа на протест низ скопските улици, но тогашната власт немаше слух за нив.

Поврзани новости