Оваа и следната година не чекаат два важни датума околу членството на земјата во НАТО, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска на ТВ 21.
-Првиот е во октомври 2021 година кога треба целосно и воено да се интегрираме во Алијансата, а вториот во април 2022 година кога дел од нашите НАТО сили ќе треба да поминат низ првото тестирање на способностите – рече Шекеринска.
Според Шекеринска, нема дилеми дека земјава ќе успее.
-Ние сме членка, и ги уживаме превилегиите, и тоа никој не го спори, но ќе кажеме дека сме ја заокружиле приказната во октомрви 2021 кога ќе кажеме дека и воено сме интегрирани во НАТО. Не е долг периодот, но немам дилеми дека ќе успееме, затоа што овие три години си дадовме амбициозни цели, и не одевме, туку трчавме – истакна Шекеринска.