Јас не реков дека припадниците на МВР се заразиле на прославата на МВР, туку дека четворица од припадниците на МВР кои биле на прославата денеска се позитивни на КОВИД 19, реагира вицепремиерската Радмила Шекеринска, откако министерот за внатрешни работи Наке Чулев истакна дека на прославата сите присутни носеле заштитна опрема и држеле дистанца.
„Наќе Чулев го згреши демантот од нервоза. Кога виде дека не го бранат ни неговите партиски колеги, кога виде дека „го пушта низ вода“ потпретседателот на неговата партија, Николовски, во брзањето ги измеша демантите. Реши да го демантира тоа што не е кажано. Тоа само потврдува дека собирањето на повеќе од 50 лица на едно место, кога сите собири се откажаа поради заразната болест, е врвна неодговорност и ставање на припадниците на МВР и гостите во ризик“, напиша Шекеринска на фејсбук.