Министерката за одбрана, Радмила Шекеринка во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека барањета кои сега ги поставува ВМРО-ДПМНЕ се обид да се избега од избори.
-Ние имавме апслоутно право и аргументи на секое барање на ВМРО-ДПМНЕ да кажеме не. Но, прашањето не е до каде ти стига партискиот интерес, туку интересот на државата. Нашата одлука да вградиме Пржинска влада беше да не дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да го бојкотира ДИК и да не дојде до референдумот. Ние немаме проблем техничка влада да спроведе избори, зошто ние не крадеме. Законот за Влада е закон кој ние ќе го почитуваме. Меѓутоа мораме да го почитуваме и Уставот кој вели дека кога имате предвремени парламентарни избори, не смеат да поминат повеќе од 60 дена од распуштањето на Собранието и изборите. ВМРО-ДПМНЕ сака да направи се за да оваа година нема избори, зашто знаат дека ќе изгубат. Нивните барање се бегање од избори, рече Шекеринска.