Шекеринска: Ако пуштиме армија на улица, тоа е одреден тип на вонредност

by Фокус

Ако пуштите Армија на улица, тоа според Уставот е прогласување на одреден тип на вонредност, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска, во врска со повикот на невладините организации за вклучување на војската во откривање на загадувачите на амбиенталниот воздух.

-Во прв момент е потребно сите инспекциски служби заедно со полицијата да направат план за заедничка акција. Кон ова прашање не можеме да пријдеме административно, туку фокусот треба да ни бидат резултати. Доколку постои можност за користење на опрема како дрон или дополнителни инструменти што може да ги искористи Армијата, да, но ако пуштите Армија на улица, тоа според Уставот е прогласување на одреден тип на вонредност што не е корисно така лесно да се применува во демократски држави – истакна Шекеринска.

Таа додаде дека Владата издвоила голема сума средства за директен напад на изворите на загадување како и за пожарите кои се случија минатиот месец, кои, според неа, не се случајни.

Поврзани новости