СДСМ: ВМРО не презема ништо против загадениот воздух

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ со години не презема ништо за намалување на загаденоста на воздухот, додека медиумските курири го кријат овој сериозен проблем штитејќи ги криминалните фамилијарно-тендерски политики на Никола Груевски, обвинија од СДСМ.

„Според последните податоци, загадувањето на воздухот во Скопје изнесува речиси 5 пати над дозволената граница, во Битола 7 пати, додека воздухот во Кичево, Кавадарци и Тетово содржи 4 пати повеќе ПМ10 канцерогени честички од дозволеното. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ потрошија 630 милиони евра за споменици, а граѓаните на Македонија дишат загаден воздух полн со опасни, канцерогени честички. Само дел од овие 630 милиони евра можеа да се инвестираат во животната средина и целосно да се реши проблемот со загадувањето на воздухот“, се наведува во соопштението на опозициската партија.

Поврзани новости