Шеќеринска: Нема ултиматум што ќе ја сруши нашата одлучност

by Фокус

Колку ултиматуми слушнавте до денеска од Трајко Вељаноски?! Секој втор ден се заканува дека ќе ги усвоел оставките. Ама после секој ултиматум добиваше јасна порака од нашите пратеници. Повели, ги поднесовме оставките за да ги усвоиш. Вакви остри критики на сметка на собранискиот спикер упати заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска од Струмица.

– Трајко Вељановски ќе даде ултиматум, ќе го потврди уште еднаш и уште еднаш и ќе го снема. После месец почнува со нови ултиматуми и со нови лаги. Меѓутоа сакам и овде и во Струмица да оддадам признание на сите наши коалициски партнери, меѓутоа и на сите наши пратеници кои ја добија довербата од вас и знаат дека ви должат, да стојат зад договореното. И кога `не прашуваат на што се должи таа ваша цврстина, не е тоа од инает, таа цврстина се должи на искуството што го имаме. Секој пат се враќавме назад во Парламентот заради Македонија. Горди бевме поради тоа – истакна Шеќеринска.

Таа истакна дека нема ултиматум што ќе ја сруши нивната верба.

– За Македонија мора да се бориме и ова е нашата борба денес, да бидеме надвор од Парламентот, за да покажеме дека кражба изборна не смее повеќе да дозволи Република Македонија – тврди Шеќеринска

 

Поврзани новости