490
На денешното редовно изборно собрание, ЗНМ едногласно усвои „Декларација за Томислав Кежаровски“, со која побара негово ослободување од вина.
– Ние, македонските новинари и денеска и одовде од Изборното собрание на ЗНМ – упатуваме уште еднаш силна поддршка за нашиот неправедно осуден и притворен колега Томислав Кежаровски. Бараме од Апелацискиот суд во Скопје, додека се уште го чекаме неговиот финален збор, да ја донесе единствената одлука со која ќе ја задоволи правдата – да го ослободи од вина – се наведува во декларацијата.