Шеќеринска: Чудо! Не сакајќи, „Република“ ме испофали

by Фокус

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска реагираше на текстот објавен на порталот „Република“ во кој се тврди дека нејзиното име се посочува во документите доставени пред Окружниот суд во Њујорк во врска со корупцискиот скандал „Телеком“. Таа реагираше на својата фан страна на фејсбук тврдејќи дека „Република“ не сакајќи ја испофалила.

– Чудо! Не сакајќи, „Република„ ме испофали! Во документот кој го објавуваат (читајте го оригиналот) се потврди: „дека сум инсистирала на брзи рокови за либерализација на телекомуникацискиот сектор во Македонија, дека предлозите од „Маѓар Телеком“ не сум ги поддржала (законот кој го нуделе останал нивен предлог, не поддржан од мене ниту институцијата која сум ја раководела) и, дека на седницата на Влада не им помина законот по ќеиф на Маѓар Телеком туку закон усогласен со ЕУ обврските на Македонија (и предлагам на Владата да ги објави снимките од таа седница за да се види зошто и како Маѓарите не го добија тоа што го сакаат) – се наведува во нејзината реакција.

Според неа, документите покажуваат дека многумина во Македонија се спротивставиле на криминалните зделки и привилегираната позиција на МТ.

– Очекувам Република да ги дообјави документите од истиве сведочења, вклучувајќи ги и конкретните имиња и функционери врзани за „Аналитико„. Шилото повторно врти! – додава Шеќеринска.

Поврзани новости