Владетелот на Дубаи шеикот Мухамед бин Рашид Мактум наскоро пред судот може да сведочи за својот однос кон ќерката, принцезата Латифа што би требало да биде клучно за постапката за парницата со неговата сопруга принцезата Хаја која избегала во Лондон.
-Најмладата сопруга на владетелот на Дубаи со месеци детално го планирала бегството во Лондон со своите две деца откако дознала дека сопругот ја лажел за „затворањето и мачењето на неговата постара ќерка принцезата Латифа“, пренесува Дејли Мејл.
Се верува дека 45-годишната Хаја бинт ал Гусеин, сега се крие во Велика Британија со 11-годишната ќерка Џалила и 7-годишниот син Зајде и дека се подготвува се повеќемилионскиот развод и острата борба за старателството над децата.
Според пишувањата на британските медиуми, принцезата Хаја, една од честе жени на шеикот, ја дознала вистината за тоа што го направил нејзиниот сопруг на неговата ќерка од првиот брак и се плашела дека истот ќе ѝ се случи и на неа.
-Принцезата веројатно се исплашила дека нешто слично може да се случи и на нејзините деца и затоа одлучила да замине, рекол извор близок до семејството.
Принцезата Хаја сега наводно се наоѓа во своја куќа, вредна 85 милиони фунти во Кенсингтон каде го чека почетокот на судењето следниот месец. Шеикот Мактум пред Семејното одделение на Високиот суд во Лондион покренал правна постапка против пинцезата Хаја во кој ќе се одлучува за старателството над двете нивни деца, а рочиштето е закажано за 30. јули, пишува британскиот весник.
Да потсетиме, ќерката на владетелот на Дубаи, Латифа Мухамед ал Мактум го напуштила Дубаи на јахта минатата година, но специјалци ја уапсиле и во моментов е во затвор. Таа пред апсењето снимила неколку видеа во кои рекла дека животот ѝ виси на конец, дека ја мачат и дека две години била во затвор откако како тинејџерка се обидела да избега.