Шехтански бара две прашања на посебни ливчиња на референдумот

by fokus

Од партијата ТМРО на Ванчо Шехтански, велат дека прашањето за НАТО и ЕУ е различно од прашањето за Договорот за името и дека овие прашања треба да бидат ставени на две посебни ливчиња на референдумот.

Од таму велат дека Референдумското прашање согласно член 15 став 3 и 4 од Законот за референдум, мора да е јасно, недвосмислено и прецизно формулирано.

„Македонската држава и Македонскиот народ, како такви и со таков идентитет ,како дел од Евроинтегративниот процес е неспорно  политички прифатена определба по создавањето на независна држава во 1991г. Доколку има две прашања, мора да бидат на посебно ливче и посебно да се гласа. Законот за референдум е јасен и во овој случај за гласање за прифаќање на договорот со Грција и членство во ЕУ и нато се работи за две различни работи кои неможат законски да одат со едно ливче“, додаваат од таму.

Според ТМРО, Договорот со Грција, задолжително мора да биде достапен на јавен увид, доставен до секое евидентирано лице на домашна адреса,до секоја државна или приватна институција, објавен во пишана форма на сите јавни места, како Македонците би можеле да знаат за што ќе гласаат- наведе претседателот на ТМРО Ванчо Шехтански.

Поврзани новости