Шефот за финансии на папата обвинет дека сексуално злоставувал деца

by fokus

Во Австралија почнува судски процес против третиот човек во хиерархијата на Ватикан, Џорџ Пел, кој е обвинет за сексуални злоставувања. Се очекува судскиот процес да трае 10 недели.

Окружниот суд во државата Викторија ќе одржи втор состанок на 16 мај, на кој ќе се планира процесот.

Кардиналот Пел, кој е финансиски советник на папата и шеф за финансии, се јави во суд во Мелбурн, каде ќе се води процесот.

Судијата Белинда Волингтон вчера побара тој да се појави во судот откако увиде дека тезата на обвинителите е доволно силна за да има судски процес.

Волингтон отфрли околу половина од обвиненијата, но детали за нивната содржина и колку се на број, не беа јавно објавени. Пел (76) тврди дека е невин.

Поврзани новости