Шефот на турската полиција поднесе оставка поради нагло воведување на полициски час

by Фокус

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу поднесе оставка вчера по критиките за нагло воведениот полициски час за време на викендот. Сојлу во соопштение напиша дека презема целосна одговорност.

„Мојата нација, на која никогаш не сакав да и наштетам, и нашиот претседател, на кој ќе му бидам верен цел живот, нека ми простат. Ја напуштам функцијата министер за внатрешни работи која имав чест да ја вршам“, напиша тој.

Во петокот во Турција беше воведен полициски час со почеток од полноќ до недела на полноќ, но забраната за излегување од дома беше објавена само два часа пред да стапи на сила, поради што илјадници луѓе се упатија кон продавниците, игнорирајќи ги другите мерки за ширење на вирусот.

Поврзани новости