Шефот на Демократски сојуз на Косово: Косово е загрозено од криминални банди како Тачи и Харадинај

by fokus

Шефот на пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Авдулах Хоти порача синоќа, во име на опозизијата, дека Косово мора да се одбрани од „криминалните банди“ на чие чело се раководителите на државните институции, јави дописникот на МИА од Приштина.

По одлагањето за денеска попладне на вонредната седница на Собранието, на која треба да се гласа за составот на владиниот тим за преговори со Србија, предложен од премиерот Рамуш Харадинај, Хоти рече дека опозицијата со здружени сили ќе ги употреби сите уставни средства за уривање на актуелната власт.

Шефот на пратеничката група на најголемата опозициска партија, по незапочнувањето на од порано закажаната седница на барање на опозицијата, за расправа за преговорите со Србија и намерите на косовскиот претседател Хашим Тачи за корекции на границите со Србија, го обвини претседателот на собранието Кадри Весели дека го прекршил Уставот на државата.

– Ние денеска бевме во очекување на вонредната седница, побарана од трите опозициски пратенички групи, но таа седница се уште не е отворена. Ова однесување на претседателот на Собранието, кој не ја отвори оваа седница, претставува кршење на Уставот на Косово и на Правилникот за работа на Собранието, рече Хоти.

Според него, целата косовска јавност вчера беше сведок на „маскарада на владејачката коалиција“.

– Косовската држава е загрозена од криминалните банди, косовската држава е згрозена од луѓе како Кадри Весели, Рамуш Харадинај и Хашим Тачи. Треба да се мобилизираме заедно со граѓаните за да ги отсраниме овие криминални банди, рече Хоти синоѓќа на прес-конференција во Собранието, по објавувањето на прекинот на вчерашните собраниски активности од страна на Весели.

Поврзани новости