Мотициклист излетал од автопат, Противпожарна бригата – Скопје го извлекла од непристапен терен

by fokus

43-годишен прилепчанеЦ бил хоспитализиран на Клинички центар во Скопје, откако со својот мотоцикл излетал од автопатот Скопје – Велес и паднал во непристапен терен.

„На 04.09.2018 година околу 16.45 часот на автопат Скопје-Велес, мотоцикл „Кавасаки“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од М.А.(43) од Прилеп, удрил во рабник и банкина и излетал од коловоз на непристапен терен. Со асистенција на Противпожарната бригада-Скопје, М.А. бил извлечен и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.

Поврзани новости