544
Премиерот Зоран Заев по своето прво обраќање во јавноста како премиер, заедно со министрите излезе надвор пред Собранието каде што беше пречекан од „шарените револуционери“.
Тие го пречекаа Заев со ракоплескања и овации, пеејќи ја песната „Шутка не ти бега Никола“, која се пееше скоро на сите протести кога со бои се фарбаа министерствата и државните институции.