Група активисти ја блокираа улицата пред полициската станица „Пролет”, каде во моментов се наоѓа возачот на комбето на Шарената револуција. Стотици граѓани дојдоа да му дадат подршка на демонстрантот и порачаа дека власта нема да ги заплаши со апсења.
„Режимот повторно се обидува да удри по нашите соборци, но нема да им успее! Вечерва, на крајот од протестот во Скопје, од страна на неуниформирани полициски лица приведен е Џовани, возачот на пикапот на #ШаренаРеволуција од каде секој ден ечат нашите гласови и нашите звуци. Џовани, со тебе сме, знаеме сите дека ќе има правда и ќе има мир. Ќе издржиме зашто заедно сме силни, зашто слободата е на прагот, а до тогаш #НемаПравдаНемаМир!“ – порачаа на Фејсбук страната на Шарената револуција.