Приведени демонстранти и запленет џипот на Шарената револуција

by fokus

Двајца демонстранти кои ги предводеле денешните протести со пикапот со музика, се приведени во полициска станица.

Полицијата ги привела во близина на Градска Болница  и не им дала објаснување зошто се носат во станица. Еден од нив е и Џовани, возачот на комбето од каде се пушта музика и се скандира на протестите на Шарената револуција.

Набрзо активисти почнаа да собираат пред станицата за да дадат поддршка на приведените. Од СВР Скопје не соопштуваат детали за приведувањето.

 

Поврзани новости