Шарената револуција најави собир за поддршка на Специјалното јавно обвинителство во понеделник пред Собранието на Република Македонија. Како причина за реактивирање на Шарената револуција, во соопштението се наведени зачестените обиде за дискредитација и спречување на работата на СЈО.
По летните одмори, СЈО повторно е под каконада на режимските глсноговорници. Периодов во Собранието и по медиумите под контрола на обвинетиот Груевски можеме да забележиме вистински линч и пропаганда против Катица Јанева и целото СЈО.
Истовремено, власта со кој се уште управува обвинетиот Груевски ја користи секоја прилика за да ја блокира работата на оваа институција. Судиите од тефтерот на Горде продолжуваат да ги одбиваат барањата за притвор, го укинаа единственото кое беше прифатено и го вратија едниот Обвинителен предлог кој СЈО го поднесе до кривичното одделение, поради причина која не им е проблем кога постапуваат по предметите на Зврлевски, се вели во повикот на Фејсбук.
Кака причина за собирот се наведува и тоа што Уставниот суд се уште нема закажно седница која ќе се разгледува Иницијативата за уставноста на СЈО, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да ги донесат потребните законски измени за заштита на сведоци и свиркачи и да го продолжат рокот за работење на СЈО.