559
Шарената револуција на денешниот протест пред Владата ги објави своите црвени линии. Демонстрантите поставија три барања:
-Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство
-Да престане прогонот на демонстрантите
-Да се ослободат сите приведени демонстранти и да се повлечат пријавите за остнанатите
Шарената револуција даде рок до 18 јуни да се исполнат овие барања. Во спротивно, како што рекоа, ќе ја преземат слободата во нивни раце, на нивен начин.