478
Шарената револуција денеска на својата Фејсбук страница објави графикон на кој е покажано на што ќе се трошат парите од најновото задолжувањето од 450 милиони евра.
На графиконот се Панорамското тркало – 18 милиони евра, за новиот Споменик на Мајка Тереза на централниот скопски плоштад -10,7, потоа за барокна фасади и затворање на ГТЦ – 18, за катните гаражи „Македонска фаланга“ – 13 и „Тодор Александров“ 12 милиони евра.
-Трошат на фасади, а не можат да обезбедат плати и пензии. Ги задолжуваат децата на Македонија. 450 милиони евра заем кој ќе создаде долг од 627 милиони евра! Како овие трошоци ќе го подобрат животот на граѓаните кога државата нема за плати и пензии?, се вели во реакцијата на Шарената револуција.