895
„Шанса за Центар” на социјалните мрежи објавија дека според првичните резултати на нивниот аналитички центар, се наоѓаат на третото место по бројот на освоени гласови на изборите за членови на Советот на Општина Центар.
„Со еден советник бевме гласни, а сега со тројца ќе грмиме! Во советот е моќта и ние ќе бидеме вашиот глас и вашата сила таму. Шанса за Центар прерасна во платформа која ќе се развива и станува посилна бидејќи ние сме обединети околу вредности, а не околу интереси. Сакаме да дадеме, а не да земеме! Продолжуваме заедно за промени во нашето општество, велат „Шанса за Центар” .