СДСМ се надева на Милевски за пресврт против ВМРО во Битола

by Фокус

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Битола, Тони Коњановски, е во водство пред кандидатот на СДСМ Христо Кондовски.

-Битола ја препозна програмата и вистински квалитет наспроти неработење и безидејност. Битолчани се одважија и се спротивставија на сите притисоци, нечесните игри и обидите за поткуп од страна на власта. Битолчани кажаа НЕ. Победуваме насекаде – истакна првиот човек на битолските вмровци Пеце Милевски.

Спред првичните резултати, разликата меѓу Коњановски и Кондовски е помала од гласовите што ги освои лидерот на ЛДП и министер за локална самоуправа Горан Милевски, со чија поддршка, како што изјави генсекот на СДСМ Љупчо Николовски, се надеваат на пресврт во вториот круг.

Поврзани новости