1K
Поранешниот амбасадор во Рим, Оливер Шамбески реагира на тоа што премиерот Ковачевски на приемот кај папата си ја поведе и својата ќерка.
Тој смета дека ова е сериозна злоупотреба на позицијата, а и несериозно преставување на државата.
-Без разлика што тој лично мисли, сепак ќерка му не е принцеза во оваа држава па да има протоколарна улога. Додуша да… има уште еден ваков случај на злоупотреба (на сликата подолу) и тој воопшто не е ласкав за споредба, но е илустративен за многу состојби во државава.Ај… барем се прошетаа… ќе има со што да се фалат и да раскажуваат на училиште.