Шаќири: Многу важен чекор беше што вработените по Рамковен добија соодветни места

by fokus

Новиот дух што дојде во Република Северна Македонија по Охридскиот рамковен договор значително влијаеше на поделбата на моќта и етничката застапеност во рамки на државата. Идејата за ваков договор беше да се гарантира на сите етнички заедници политичко, социјално и културно учество, како и самоизразување, истакна министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири во денешното обраќање на петтиот Комитет за односи меѓу заедниците, што се одржа во Собранието на Северна Македонија.

Шаќири посочи дека со Законот за вработените во јавниот сектор се обезбедува механизам за спроведување на уставниот принцип на правична и соодветна застапеност на припадниците на етничките заедници, на ниво на секоја од институциите во јавниот сектор, и врз основа на потребите на самите институции изразени преку годишните планови за вработување.

-Многу важен чекор што се реализираше во текот на оваа година беше систематизацијата на вработените со Рамковниот договор на соодветните работни места, што значително го унапреди прашањето за правична застапеност во институциите каде имаше повеќе недостатоци, преку К-5 програмата, рече Шаќири.

Додаде дека јавната администрација во последните години поминала низ драстична промена, опишувајќи ја како поразновидна.

-Како министер за информатичко општество и администрација, ве уверувам дека државната администрација ја гледам како важен дел од нашето општество, што припаѓа на секој граѓанин на земјата, без разлика на неговата етничка припадност, подвлече Шаќири.

Поврзани новости